За нас

Историјат


Промо е приватна компанија основана 1994 година од страна на Жарко Серафимоски и Драган Блажевски. Главниот бизнис беше Siemens ICN и ICM (Информациски и комуникациски мрежи и мобилни телефони).

Поради порастот на бројот на Siemens производи на македонскиот пазар, во 2000 година беше основан сервис кој денес е дел од Промо сервисниот оддел. Во моментов е авторизиран Siemens сервис од високо 2.5 ниво, што е најголемо сервисно ниво вон погоните на Siemens.

Во изминатите години беше извршено сеопфатно испитување на пазарот за комуникации и станавме партнери и авторизирани дилери на неколку други светски познати компании (Vierling – GSM порти; Plantronics – светски лидер за слушалки и дополнителна опрема; Cullmann – високо квалитетни додатоци за во автомобили; Tonna electronique – Видео комуникациски решенија (кабловски, сателитски, оптички).

Во Јуни 2004, Промо ДОО, Скопје воспостави нова деловна релација со Nokia Siemens Network – Москва. Се дефинираа условите и правилата на соработка, по што следеше потпишувањето на договорот за соработка Бр. 001/2004, кој се потпиша на 30.09.2004 година.

Главни должности на инженерите се инсталација и надградување на софтверот на Nokia Siemens Mobile Switches. За време на првата работна година македонскиот оддел успешно заврши повеќе проекти во: Луксембург, Норвешка, Катар, Тунис, Иран, Јордан, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Берлин и неколку други Руски републики.

Од своето основање, Промо прерасна во флексибилна компанија која ги претставува странските компании на локалниот пазар. Промо обезбедува локална поддршка за продуктите и услугите на компаниите што ги представува и се грижи за корисниците во Македонија, по основа на техничка поддршка, сервис, одржување и инсталации. Промо обрнува посебно внимание кон поголемите соработници (како Македонски Телекомуникации, Т-Мобиле Македонија, Космофон итн.), соодветно за стратешки партнери.

Поважни соработници

Најголемите соработници на Промо се Македонски Телекомуникации и двата мобилни оператори во Македонија – Т-Мобиле Македонија и Космофон.

1. Македонски Телекомуникации

Промо соработува со Македонски Телекомуникации на проекти за крајните корисници и до сега има добиено многу тендери од оваа фирма. Нашата одлична соработка, како финансиска, така и професионална, резултираше во рамковен договор за набавка на Siemens опрема за деловните корисници на Македонски Телекомуникации. Ние одржуваме блиски и чести контакти со сите оделенија на Македонски Телекомуникации со цел – доставување на најнови информации и презентации за нашите продукти од технички и продажни аспекти.

2. Т-Мобиле Македонија и Космофон

Промо е дистрибутер на Siemens, HTC и BenQ Siemens мобилни телефони nа Т-Мобиле Македонија, Космофон, Германос (ланец на продавници за телефони и други електронски производи), Никофон (еден од најголемите дилери на Т-Мобиле Македонија со продавници низ цела Македонија), поголемите банки, амбасади, хотели, локални и странски компании и др. Промо – промовира добра соработка и постигнува одлични резултати на македонскиот пазар.

Со комуникациските производи и решенија на Siemens освоивме повеќе од 40% од пазарот за деловни субјекти. Во повеќе од 200 компании во Македонија се користи Siemens PBX (HiCom и HiPath).

Со Vierling GSM gateways опфативме 50% од пазарот, испорачани на крајните корисници директно или преку Македонски Телекомуникации, Т-Мобиле Македонија и Космофон.

Успешни проекти

Со нашето присуство на пазарот, Промо има реализирано повеќе проекти од кои дел во соработка со Македонски Телекомуникации:

* Првиот Инфо центар на Македонски Телекомуникации - Инфо линијата 988
* Комплетни комуникациски решенија за големи клиенти (Siemens Hicom и HiPath PBXs)
* Народна банка на Македонија
* Комерцијална Банка
* Стопанска Банка
* Рафинерија Окта (Хеленик Петролеум)
* Про-Кредит Банка
* Уни Банка
* Хотел Александар Палас
* Повеќе странски амбасади и компании
(Германска Амбасада, Швајцарска амбасада и др...)

Промо ДОО Скопје © 2017. UKION SHOPS